Skip to main content

Жена пронајдена почината по пожар во Ќерамидница

На 24.02.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населбата Ќерамидница настанал пожар во куќа, сопственост на 71-годишната Т.П. од Скопје, која имала здравствени проблеми.

Од Екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а на местото е пронајдена почината сопственичката. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција, информира МВР.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Поврзани вести