Skip to main content

Уапсен возач за тешката сообраќајка ноќва во Чаир

Ноќва во 00.30 часот на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(57) од с.Визбегово, скопско.

Околу 21.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Џон Кенеди“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А. и мотоцикл „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ц.(25) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а возачот на патничкото возило „рено“ е лишен од слобода и во консултација со јавен обвинител ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка, соопшти МВР.

Поврзани вести