
На автопатот Градско- Велес, вчера во 10:10 часот кај клучка Караслари, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 35 годишниот Ф.Ј. од Прилеп.
При сообраќајна контрола, било сопрено патничко возило „голф“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.Ј. и покрај тоа што му биле изречени три мерки за забрана за управување моторно возило од Б категорија.

Македонски



