Skip to main content

Приведен пијан кумановец за предизвикување судир

Вчера во 16.45 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода Д.А.(31) од Куманово.

На ул.„Теофан Економов“ во Куманово, тој со возило „сеат леон“ со кумнаовски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во мопед „хамачи“ и патничко возило „фолксваген голф“, двете со кумановски регистарски ознаки, а по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 1,85 промили алкохол во крвта, велат од МВР од каде додаваат дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Поврзани вести