Skip to main content

Низ Македонија ноќеска уапсени возачи, возеле „мртви“ пијани

Ноќеска во 01:20 часот, полициски службеници од СВР Штип на ул. “Осоговска” во Македонска Каменица го лишија од слобода С.Л.(29) од Македонска Каменица.

При преземање мерки по претходно случена сообраќајна несреќа, во која учествувал С.Л. со патничко возило “ауди” со регистарски ознаки од Македонска Каменица, било констатирано дека С.Л. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,64 промили алкохол во крвта.

Подоцна, во 03:05 часот, полициски службеници од СВР Штип на регионалниот пат Берово – Струмица го лишија од слобода Ѓ.С.(43) од село Русиново, беровско. При преземање мерки по претходно случена сообраќајна несреќа, во која учествувал Ѓ.С. со патничко возило “пежо” со беровски регистарски ознаки, било констатирано дека Ѓ.С. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,13 промили алкохол во крвта.

Малку подоцна, во 03:55 часот, полициски службеници од СВР Струмица на регионален пат Валандово – Дојран, не место викано „Дојранска раскрсница“, го лишија од слобода А.Т.(46) од село Смолари, струмичко. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал А.Т. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,06 промили алкохол во крвта.

Претходно синоќа, во 22:54 часот, полициски службеници од СВР Битола на бул. „1-ви Мај“ во Битола, го лишија од слобода А.Р.(62) од Битола. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „даеву” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал А.Р. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,75 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.