Skip to main content

Излета „форд“ на патот кон Меџитлија, повредени четири жени

Вчера во 14:41 часот во СВР Битола било  пријавено дека на патот Битола – Граничен премин Меџитлија, патничко возило „форд“, управувано од 21-годишната А.С. од Република Албанија, излетало надвор од коловозот, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка, Н.С.(47), додека со телесни повреди се здобиле А.С., сопатничката А.С.(44) и уште една 15-годишна малолетничка, сите од Република Албанија, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Поврзани вести