Skip to main content

Голем пожар во Маџари

ЦУК

Голем пожар попладнево избувна на отворена локација во населбата Маџари, каде гори комунален отпад.

Во населбата Маџари, кај црквата позади пругите, пријавено е дека лице гори кабли при што се создава густ црн чад. Пријавата е пријавено на бројот 112, по што противпожарната бригада и полицијата се веќе упатени кон местото на настанот, велат од ЦУК.

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, информираше дека инспекторите од општината веднаш излегле на терен и случајот е пријавен во Противпожарната бригада на Град Скопје, чии екипи работат на гасење на огнот.

Во меѓувреме, инспекторите заедно со припадници на Министерството за внатрешни работи преземаат мерки за откривање на причинителот на пожарот.

Поврзани вести