Skip to main content

Девојче (14) пријавено за исчезнато пронајдено во домот на кумановец

Кумановската полиција приведе деветнаесетгодишник со кого затекнало малолетно 14 годишно девојче за кое имало пријава дека се оддалечило од нејзиниот дом.

Вчера во 15: 20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.С.(19) од Куманово. При преглед кај него било пронајдено огнено оружје и со него била затекната 14-годишна девојка за која вчера беше пријавено дека се оддалечила од нејзиниот дом, информираше СВР Куманово.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосното документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Претходниот ден, триесет и четиригодишната А.Ф. пријавила во полицијата дека нејзината 14 – годишна ќерка се оддалечила од нивниот дом.

Поврзани вести