
Четиригодишно дете од Скопје се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода што се случила вчера попладне на улицата „Железничка“ во Гостивар.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, незгодата била пријавена на 2 август околу 16 часот. Во детето удрило патничко возило „Форд Куга“ со швајцарски регистарски таблички, управувано од 35-годишниот Г.Џ. од селото Чегране.
По несреќата, на детето му била укажана лекарска помош, по што поради сериозноста на повредите било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на сообраќајната незгода извршила екипа од ОВР Гостивар, а се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случил настанот.

Македонски


