
Кога почнуваме да им наредуваме на другите – без разлика дали станува збор за работата или приватниот живот, кога стануваме посесивни, љубоморни без причина, па дури и агресивни, ја ограничуваме слободата на луѓето околу нас. На крајот, таквото однесување може да ни се врати.
Овие три знаци важат за најголеми „контрол фрикови“, но астролозите велат дека зад тоа постои и одредено објаснување.
Бик: Живее за стабилност и сигурност
Бикот може да биде прекрасен животен партнер. Тој е разумен, смирен, стабилен, дарежлив и многу сензуален. Но, за целосно да ги покаже своите позитивни страни, му е потребно чувство на сигурност.
Мора целосно да му верува на партнерот и на луѓето со кои соработува. Токму тука понекогаш настануваат проблеми – особено кога другата страна ќе покаже свои желби и потреби кои тврдоглавиот Бик тешко ги прифаќа.
Тогаш станува посесивен, тврдоглав и склон кон контролирање. Тешко му е да прифати дека неговиот внимателно изграден систем на вредности може да биде нарушен.
Лав: Постојано му е потребна потврда
Лавот е исклучително горд и самоуверен. Неговото природно место е центарот на вниманието, а она што секогаш го бара е признание и потврда.
Ако почувствува дека е игнориран или дека не го сфаќаат сериозно, пријателството или љубовната врска може брзо да заврши.
Лавот се гледа себеси како природен лидер и често може да делува авторитативно. Тоа се пренесува и во врските. Сака да биде опкружен со силни личности, но во исто време има потреба да ја наметне својата волја за да ја задржи контролата.
Девица: Сака да контролира сè
Девицата е симбол на дисциплина и контрола. Таа му пристапува на животот рационално, сака ред, структура и сигурност, но има и многу високи стандарди.
Не си простува грешки себеси, а често истото го очекува и од партнерот. Потребно е време за да го освои нејзиното срце, а секој кој ќе ги покаже своите слабости или недостатоци може брзо да биде одбиен.
На Девиците често им е тешко да излезат од својата зона на удобност во врската. Она што другите го гледаат како спонтано и возбудливо, тие можат да го доживеат како непотребна компликација.
Често интервенираат и даваат директни критики за да го вратат партнерот на „вистинскиот пат“, но токму таа суптилна форма на контрола може да биде исцрпувачка.
Сепак, оној кој знае рамноправно да се спротивстави на паметната и аналитична Девица, може засекогаш да го освои нејзиното срце и доверба.

Македонски


