
На 13.06.2025 година околу 12.20 часот во СВР Охрид пријавено е дека на планински пат од селото Ливоишта кон селото Требеништа, охридско, дошло до самоповредување во кое австриски државјани А.Х. (50) управувајќи моторцикл „КТМ“ изгубил контрола над моторот и паднал на земјениот пат.
В.Д.М. (54) исто така австриски државјани управувајќи моторцикл марка „Хонда“ во обид да избегне судир со паднатиот моторциклист, закочил и излетал од планинскиот пат. Во несреќата В.Д.М се здобил со тешки телесни повреди, а А.Х. со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информира МВР.
За настанот е известен надлежен јавен обвинител, а увид е извршен од увидна екипа од СВР Охрид.