Skip to main content

Од полноќ ќе точиме поскапо гориво

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,613%, кај дизелот за 2,881%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,251% и кај мазутот има исто така намалување за 2,898%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,7827%.

Од 11 ноември 2025 од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин Еуросупер БС-95 – 74,50 ден/л
моторен бензин Еуросупер БС-98 – 76,50 ден/л
дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 72,00 ден/л
масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 69,50 ден/л
мазут М-1 НС 36,427 ден/кг
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари/литар.

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 1,00 денар/литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,486 денари/килограм и сега ќе изнесува 36,427 денари/килограм.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 0:01 часот на 11.11.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Поврзани вести