Skip to main content

Мицкоски: Во време на владите на СДСМ дефицитот беше 5,3%, сега со нафтената криза е 3,5%, платите од минус 3%, сега се плус 3%

Претседателот на владата, Христијан Мицкоски во интервју на МРТ по повод две години од мандатот на владата, посочи дека и покрај тоа што оваа енергетска криза е полоша од претходните три, владата поуспешно работи од претходната и тоа го говорат фактите, односно во време на владите на СДСМ буџетскиот дефицит беше 5,3%, а сега со нафтената криза е 3,5%, додека платите беа во минус 3% реален раст, додека сега реалниот раст е 3%.

Кога сме кај буџетскиот дефицит, зедов параметри и од претходната влада кои се многу важни затоа што кога зборувате за нешто, треба да зборувате со споредба, не може напамет. Кога ќе речат, оставете порано да видиме вие, добро, ама ние мора тоа да го споредиме со нешто, да видиме дали добро правиме или погрешно. Логично е да споредиме со нешто пред нас. Ако тоа го земете, во 2020 да не го сметаме буџетскиот дефицит кој е 8%, ковид период, но 2021 година 5,3% од БДП, во 2022 година е 4,4%, следната 4,6%, а ние лани бевме под 4%, оваа година ни беше целта 3,5%. Ова го зборувам поради една едноставна причина, оваа година да не беше кризата која се случи, и овие 3,5% на крај на годината ќе беа пониски, истакна премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека за оваа енергетска криза за која сите велат дека по рихтеража, по јачина е поголема од трите последни енергетски кризи заедно, односно 2022, војната во Украина и оние од седумдесеттите години на минатиот век, и тоа го вели Светската енергетска агенција, господинот Фатих Бирол, претседателот, кој вели дека по јачина и последиците оваа криза ќе биде многу подевастирачка отколку тие три заедно.

Што направивме ние. Ако вие ги анализирате параметрите економски сега, со тие од 2022 година. Во 2022 година реалниот раст на платите бил минус 2,9%, а сега е 3%, 6% во плус. Да одиме по други параметри, да речеме инфлација, во 2022 година 14,2%, сега е 4,5%. Било проекција 3,5%, се случи тоа што се случи, но не е 14,5%. Тогаш 2022 година се завршила со раст БДП од 2,8%, а сега растот е 3,1% во првиот квартал, очекувам до крај на годината 3,5%. Ова се параметри, ова се бројки кои вие не можете да ги игнорирате, нагласи премиерот Мицкоски.

Поврзани вести