
Српскиот претседател Александар Вучиќ буквално го „испратил“ министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ во болница утрово кога го видел во пресрет на комеморацијата на Владислав Јовановиќ, пишуваат српските медиуми.
Претседателот бил шокиран кога видел како изгледа Дачиќ и како тешко дишел. Дачиќ е во сериозна здравствена состојба, итно бил хоспитализиран и поврзан на респиратор. Му била дијагностицирана билатерална пневмонија, а неговата состојба брзо се влошува во последните неколку часа. Дачиќ (60) веќе неколку години страда од дијабетес и други сродни болести. Состојбата на Дачиќ ненадејно и брзо се влоши во последните неколку дена.
српскиот претседател Александар Вучиќ пред Клиниката за пулмологија во Клиничкиот центар на Србија каде што го посети со членови на владата.
„Ги посетивме вицепремиерот и претседател на СПС сите заедно, тоа е тешка ситуација, но веруваме во лекарите и веруваме во него и се молиме за него“, изјави Вучиќ за „Танјуг“ пред Клиничкиот центар на Србија.

Македонски



