Skip to main content

Во Корча изложба со фотографии од откритијата во археолошкиот локалитет Градиште

Фото: Принтскрин

Откритијата направени во Градиште, едно од најбогатите археолошки локалитети во Македонија, што фрлаат светлина врз историјата на Балканот, се донесени во Корча преку фотографска изложба, објави Топ чанел.

Додава дека во текот на изминатите две години, на ова археолошко наоѓалиште се откриени монети кои датираат од времето на Александар Македонски.

Според археологот Енгин Насух, во населбата која била важен центар на цивилизацијата, покрај монетите, пронајдени се и други артефакти кои датираат од доцниот неолитски период до бронзеното време, што докажува трговски, политички и културни размени на Балканот.

-Овие откритија се од археолошкиот локалитет Градиште и можеме да кажеме дека ова е најважното ископување што моментално се одвива во Република Македонија. Едно од најважните наоди што треба да го споменеме е тегла со римски сребрени монети и има врска со производството на монети во регионот, бидејќи производството на монети во Римското Царство било поврзано со специфични настани што се случиле во тој период. Со она што го откривме овде, свесни сме дека ова е политичко-економски центар кој бил поврзан со Аполонија, Дирахин, Солун итн, изјавил Насух.

Изложбата е можност јавноста подобро да ја разбере богатата историја на Балканот и да ја почувствува врската со античкото минато на овој регион.

Поврзани вести