Skip to main content

Силно невреме со грмотевици предизвика серија пожари во Далмација

Серија пожари избувнаа во Сплитско-далматинската жупанија во јужна Хрватска по силното невреме проследено со грмотевици што вчера попладне го зафати регионот, јави хрватската национална телевизија ХРТ.

Пожарникарите до доцна синоќа се бореле со огнените жаришта во близина на Вргорац, Омиш, Клис и Триљ, а најверојатна причина за нивното избувнување беа удари од гром.

Првото жариште е регистрирано во близина на Биско, недалеку од Триљ, каде што пожарникарите успеале брзо да го локализираат ширењето на пламените јазици.

Најсериозна бебила состојбата во близина на селото Блаце, каде што е испратен и противпожарен авион „канадер“ за поддршка на копнените екипи.

Горела претежно ниска вегетација и шумски површини, а засега нема информации за загрозени населени места, објекти или човечки животи, наведува телевизијата.

Точната површина на зафатеното подрачје ќе биде утврдена по целосното гаснење на сите жаришта. 

Поврзани вести