Skip to main content

САД издадоа привремена лиценца за производство, испорака и продажба на иранска нафта

angad305 from pixabay

Министерството за финансии на САД денеска издаде општа лиценца со која се дозволуваат производството, испораката и продажбата на сурова нафта, како и на петрохемиски и нафтени производи со иранско потекло, со рок на важност до 21 август следната година.

Мерката произлегува од Меморандумот за разбирање што беше потпишан минатата седмица меѓу Вашингтон и Техеран.

Во рамките на договорот, САД се согласија да дозволат извоз на иранска сурова нафта, нафтени производи и деривати, како и на сите поврзани услуги, вклучувајќи ги банкарските трансакции, осигурувањето и транспортот. Лиценцата овозможува и увоз во САД на сурова нафта со иранско потекло, како и на петрохемиски и на други нафтени производи.

Сепак, документот не дозволува трансакции во кои се вклучени Северна Кореја или Куба.

Откако САД се повлекоа од нуклеарниот договор со Иран во мај 2018 година, Вашингтон постепено воведе санкции за купувачите на иранска нафта. Првично беа дозволени привремени исклучоци за одредени земји, меѓу кои Кина, Индија, Турција, Јапонија и Јужна Кореја, но тие беа укинати во мај 2019 година, што практично доведе до политика на „нулта извоз“ на иранска нафта.

Поврзани вести