Skip to main content

Поради измама од 10.000 евра: Црногорската полиција приведе државјанка на Македонија

Freepik

Црногорски службеници од Регионалниот безбедносен центар „Север“, во соработка со Основното државно обвинителство во Плав, ја лишиле од слобода државјанката на Република Македонија, Е.И., поради сомнение за измама против физичко лице од Плав.

Според полицијата, Е.И. од ноември 2023 година лажно ги прикажувала фактите за да стекне противправна имотна корист и го довела оштетениот во заблуда, убедувајќи го да ѝ предаде пари во износ од 10.000 евра. Дел од парите оштетениот ги испратил преку банка, а дел ги предал лично, наводно за плаќање даноци при купување стан.

По наредба на обвинителот, Е.И. била лишена од слобода и изведена пред Основното државно обвинителство во законскиот рок за понатамошна постапка.

Црногорската полиција истакнува дека борбата против економскиот криминал ќе остане приоритет на Регионалниот безбедносен центар „Север“.

Поврзани вести