
Демонстрантите во Албанија бараат оставка од премиерот Еди Рама и техничка влада. Ви звучи ова познато? Онесувањето на албанските опозиционери е идентитчно како во моментов во Србија како и во Македонија за време на Шарената револуција!.

Во Македонија повод беа прислушуваните разговори, во Србија владеењето на Вучиќ.Во Албанија протестите се поради екологија а сега се бара и преодна влада, уставни измени но и оставка од премиерот Рама. Исто како во Македонија.
Меѓу клучните барања се уставните измени што би гарантирале еднаквост за сите граѓани пред законот, кои потоа би биле потврдени на референдум. Демонстрантите бараат и ограничување на мандатот на премиерот на максимум два мандата, како и укинување или поништување на одредени законски иницијативи, вклучувајќи измени на законот за заштитени подрачја и законот за културно наследство.

Организаторите исто така предложи усвојување на „нов општествен договор“ меѓу граѓаните и државата, кој би се составил преку консултации со експерти, интелектуалци и граѓани.

Македонски



