Skip to main content

Авион на српската армија со медицински персонал полета кон Скопје за евакуација на повредени од пожарот во дискотека во Кочани

Авион на српската армија со четворица лекари и четворица медицински техничари се упати кон Република Македонија за медицинска евакуација на повредените во синоќешната несреќа во Кочани, јави МИА од Белград.
Планирано е со тој авион да се евакуираат 12 пациенти, кои ќе се лекуваат во ВМА и Клиничкиот центар на Србија.

Двајца пациенти кои со воени амбулантни возила биле пренесени од Македонија се на лекување во Воената болница Ниш и Клиничкиот центар Ниш. Тројца пациенти се превезуваат со брза помош и ќе бидат примени на ВМА.

За да им се пружи помош на повредените, планирано е во Македонија да останат двајца лекари од ВМА (пластичен хирург и анестезиолог), како и медицински техничар-инструментар.

Поврзани вести