
Поради невремето кое во попладневните часови го зафати подрачјето на Град Скопје, преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се примени повеќе пријави од граѓани за поплавени подрумски простории, дворови на куќи, магацински простории, подвозници и кружни текови, како и за заглавени возила и други ризици и опасности предизвикани од обилните врнежи, информираат од ЦУК.
Според досега пристигнатите пријави, најпогодени се општините Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба.
За сите пријавени случаи веднаш се известени Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и Единиците на локалната самоуправа, кои постапуваат согласно своите надлежности.
Поради невремето кое во попладневните часови го зафати подрачјето на Град Скопје, преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се примени повеќе пријави за поплави
- Два подвозника со заглавени коли (пред кружниот тек во Бутел, бул.Србија во Кисела Вода).
- Три кружни токови (кај Ист гејт, опш.Гази Баба; кај Мото Центар и Цементара, опш.Кисела Вода; кај Железара, опш.Гази Баба).
- Улица Јордан Мијалков позади Дајмонд мол е поплавена.
- Поплавени куќи, подрумски простории и гаражи во населбите Кисела Вода, Автокоманда, Чаир,
- Пријава за поплавен магацин на Веро во Чаир и магацин на приватна фирма во Кисела Вода.
- Паркинзи и улици низ паркинзите во населбите Кисела Вода – Расадник и нас.Аеродром.
Поради невремето и поплавените улици, кружни текови и подвозници отежнато е или воопшто нема движење на возилата.
Во моментов заседава Кризниот штаб на Град Скопје, кој ги координира активностите на надлежните служби.

Македонски


