
Полицијата ги повикува во станица на распит сите осомничени во врска со настанот со девојчето во Аеродром кое беше брутално тепано со шлаканици, кубено за коса, понижувано и натерано да клекне на колена и да ѝ се извини на врсничка. Се повикуваат и десетината момчиња што навиваат на видеото и снимаат со мобилни телефони.
СВР Скопје презема мерки по допрен глас за утврдување на идентитетот на лицата и за целосно расчистување на случајот. Се повикуваат сите осомничени во врска со предметниот настан, а веќе е извршен разговор со жртвата во присуство на родител.

Македонски


