Skip to main content

ИДФ соопшти дека е ликвидиран командант на Хамас кој претставувал закана

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека убиле командант на палестинската милитантна група Хамас, кој претставувал закана за израелските трупи во јужниот дел на Појасот Газа.

Во соопштението се наведува дека вчера во напад на југот на Газа е убиен Адел Џихад Мохамед Асфур, командант на единица во военото крило на Хамас, пренесува „Тајмс оф Израел“.

ИДФ наведува дека за време на војната во окупираната палестинска енклава, Асфур ги унапредил снајперските и бомбашките напади врз израелските трупи, како и дека, напредувајќи во хиерархијата на Хамас, работел на обнова на капацитетите на оваа палестинска милитантна група.

„Асфур претставуваше закана за силите на ИДФ кои делуваа во Појасот Газа и тој беше елиминиран во воздушен напад“, се вели во соопштението на ИДФ.

Поврзани вести