
Црн чад денеска повторно се издигна над Скопје, откако во реонот на скопско Визбегово е пријавен нов пожар, само еден ден по големиот инцидент што вчера ја зафати истата околина.
Според првичните информации, станува збор за пожар на сува трева, кој се шири во правец кон куќите во реонот кај „Џиди Комерц“ во Шуто Оризари.
„Преку Е-112 е добиена пријава за пожар на сува трева, истиот се проширува кон куќите, кај ‘Џиди Комерц’, Шуто Оризари“, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Првичните информации укажуваат дека, наводно, гори и отпад, што дополнително ја отежнува состојбата на терен.
За случајот е известена Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, чии екипи се упатени на терен.

Македонски



