Skip to main content

Двајца загинати и една повредена во вчерашниот пожар во близина на Солун

МИА архива

Бројот на загинати во пожарот во селото Лити во близина на Солун се зголеми на две лица, откако доцна синоќа беше пронајдено уште едно јагленосано тело, кое иако сè уште не е идентификувано, најверојатно му припаѓа на 12-годишното дете, кое се водеше за исчезнато, јави дописничката на МИА од Атина.

Од противпожарната служба на Грција доцна синоќа информираа дека во куќа во шумската област во близина на селото Лити, во општина Ореокастро кај Солун, е пронајдено тело на засега непознато лице.

Потсетија дека претходно, во текот на вчерашниот ден, за време на гаснењето на пожарот, беше пронајдено тело на маж во близина на истата куќа, а пожарникарите спасиле и жена со изгореници, која со возило на итната помош била пренесена во болница.

Пожарот утрово е без активно жариште, а избувна вчера пред 15 часот, гореше ниска вегетација, но поради силниот ветер брзо се прошири кон шумскиот дел и стигна до првите куќи од Лити, а од бројот 112 за итни случаи, до жителите на селото беше испратена порака да се евакуираат кон локалниот стадион. 

Поврзани вести