
Градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски денеска се врати на работното место после два месеца боледување и продолжува да ја извршува градоначалничката функција, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски. Лукровски е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Лукровски беше на боледување од 7 мај и го заменуваше заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски, кој е член на Советот на Општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Крстевски се појавуваше на сите настани поврзани со работата на Општината, а одржуваше и прес-конференции.

Македонски


