Skip to main content

РК Пелистер граби кон титулата

Фармацевтското ракометно дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Алкалоид заврши со победа на битолчани кои во драматична завршница ги совладаа гостите од Скопје, со 30:28 (18:15).

Дуелот кој на моменти беше тензичен, пред се заради несигурни одлуки на судиската двојка Колевски-Кркачев, сепак заврши фер, и со подадена рака на репрезентативците и интернационалците кои настапуваат во двете екипи мотивирани за успех и важни бодови за годинешната титула.

Натпреварот почна со водство на домашната екипа кое во деветатата минута беше со четири голови, но десет минути подоцна гостите намалија на 11:10. Првото полувреме сепак заврши со предност на Еурофарм Пелистер од три голови разлика 18:15.

Второто полувреме беше идентично со првото, битолчани поведоа со четири разлика 29:25, но со брза серија од три голови, тимот на Алкалоид најави ракометна драма во Битола, бидејќи на семафорот пишуваше 29:28. На крајот сепак славеше македонскиот ракометен шампион со гол во последните секунди од натпреваро, победувајќи со 30:28.

Поврзани вести