Skip to main content

Eурофарм донесе ново супер засилување

 Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер објави ново засилување за следната сезона. 20-годишниот лев бек Малик Татар е нов член на Еурофарм Пелистер.

Според објавата на клубот на социјалните мрежи, се работи за словенечки потенцијал, со проекција за голема кариера и сигурен напредок. Тој е роден во Цеље, а се афирмираше во Горење Велење, а ги мина и сите младински категории на словенечката репрезентација. Татар се обврза на двегодишен договор со битолскиот клуб и ќе биде претставен на почетокот на подготовките за следната сезона.

Татар е петто засилување за тимот на Лино Червар за сезоната 2026/27 по Котар, Серафимов, Белистојаноски и Џелиловиќ