Skip to main content
KEHf-sAV-wA

Оклахома направи „брејк“ на гости

Кошаркарите на НБА првакот Оклахома Сити ноќеска го добија натпреварот број 3 во финалето на Запад против Сан Антонио со 123:108 и поведоа со 2-1 во серијата до четири победи. 

Домашниот тим Сан Антонио натпреварот го „отвори“ со двоцифрена предност и водство од 15:0, но Оклахома веќе на почетокот на вториот период го презеде водството. На почетокот на вториот дел гостите поведоа со 63:53 со што и ја најавија победата. Клучен фактор во победата на шампионот беа играчите од клупа кои постигнаа 76 поени. 

Најдобриот играч на Оклахома Шел Гилџус-Александер првиот период го заврши без поени, а на крајот стигна до бројката од 26, со 12 асистенции. Кај Сан Антонио Виктор Вембањама постигна 26 поени, со четири скокови. 

Натпреварот број 4 се игра недела на понеделник во 2 часот по полноќ на теренот на Сан Антонио.

Поврзани вести