Skip to main content

Мицкоски: Влашката заедница има значаен придонес во градење на македонската држава

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 23 Мај – Меѓународен ден на Власите со желби за мир, здравје, благосостојба и спокој во нивните домови.

Во честитката премиерот посочува дека влашката заедница има значаен придонес во градење на македонската држава. Како што нагласува во честитката, влашката култура, традиција и обичај се силен белег во развојот на државата.

-Единството, толеранцијата, разбирањето се вредности со кои мора сите заеднички да се стремиме и да ги негуваме, затоа што само така ќе изградиме општество кое ќе се базира на меѓусебна почит и доверба. Заеднички да работиме за просперитет и раст на Македонија, за сегашните и идните генерации да имаат услови да ја градат сопствената иднина тука, во својата татковина. Нека Ви е честит Националниот ден на Власите – порачува Мицкоски во честитката. фф

Поврзани вести