
Кошаркарите на Реал Мадрид со победата синоќа од 105:90 против Валенсија се изборија за ново финале во Евролигата. Најефикасен на дуелот беше хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња со 25 поени.
– Знам како се изгледа. Имавме и лоши работи, целата сезона сме горе-долу, нов тренер, играчи, … Но, клуб и грб пред сè. Сите го дадоа својот придонес, и тренер со врвна адаптација. Финалето ќе биде „тепачка“ сите знаеме каде играме. Имаме срце, карактер, мораме многу да надополниме (повредата на центарот Гаруба), ако сакаме да победиме, изјави Хезоња.
Финалето меѓу Олимпијакос (го победи Фенербахче) и Реал Мадрид се игра во недела од 20 часот во „Телеком центар“ во Атина.

Македонски



