Skip to main content

Сара Митевска и Стефан Мицов се нови државни прваци во тенис

Нови државни прваци во тенис за 2026 година се Сара Митевски и Стефан Мицов, кои во денешните финални мечеви ги совладаа Теона Андова односно Амар Хусеиновиќ.

Во машко финале кое траеше 2 часа и 45 минути Мицов успеа да стигне до својата трета титула државен првак (2011 и 2013) откако со 2-1 во сетови (6:1, 6:7(2), 6:4) во меч со пресврти го совлада колегата од Дејвис куп репрезентацијата Хусеиновиќ (го играше првото финале на ДП). По првиот сет кој заврши со 6:1 во гемови, Мицов беше пред триумф и водеше со 4:2 во гемови во вториот сет и 40/0 на свој сервис, но Хусеиновиќ успеа да направи пресврт да изедначи на 4:4 и потоа да го добие тај-брејкот со 7:2 на поени. Во решавачкиот сет пак, Хусеиновиќ имаше водство од 4:1 во гемови, а Мицов направи серија од пет гема и го доби сетот со 6:4, а со тоа и мечот. Притоа во осмиот гем за изедначување беа одиграни околу 20 поени, а гемот траеше околу десетина минути – што се покажа и како решавачко.

За разлика од машко финале во женското Сара Митевска ја совлада Теона Андова (шампионка од 2023) во своето прво финале на Државно првенство и тоа без загубен гем со 2-0 во сетови (6:0 и 6:0). Ова е прва титула шампионка на Македонија за младата тенисерка.

Во конкуренција на двојки Кристијан Јанев и Ерион Незири се новите шампиони откако во финалето со 2-0 во сетови (6:1 и 6:4) ги победија Иван Манасов и Виктор Сушелски

Поврзани вести