Skip to main content

Калин Ивановски поради повреда го предаде мечот од второто коло на ИТФ 25 Олерсбах

МТФ

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски поради повреда го предаде мечот против Словенецот Бор Артнакво вториот сет од второто коло на ИТФ 25 турнирот во Олерсбах. Тенисерите минаа околу 70 минути на теренот до моментот кога Ивановски се повлече.

Првиот сет му припадна на Артнак со 6:4 во гемови, откако успеа да направи брејк во третиот гем и да поведе со 2:1 во гемови. Ивановски во деветтиот гем успеа да спаси сет топка. Во вториот сет Артнак веднаш направи брејк и поведе со 1:0 во гемови по што македонскиот тенисер го предаде мечот.

Инаку, и во вчерашниот дуел од Русинот Александер Чајка, Ивановски во првиот сет побара медицински тајмаут по кој успеа да ги добие следните два сета. 

Поврзани вести