
Македонските тенисери имаа успешен настап во конкуренција на двојки на турнирот „Неоком опен 2026“ што викендов се одржува на терените на ТК „Југ“ во Скопје, откако Кристијан Јанев и Ерион Незири го освоија пехарот во машка, а Сара Митевска заедно со Андреја Глушкова од Бугарија во женска конкуренција.
На турнирот кој е од рангот Ј60 за тенисери и тенисерки до 18 години, Митевска и Глушкова без поголеми проблеми со само еден загубен гем го добија финалето против Стилиани Нуцу од Грција и Антонија Станевска од Бугарија, (6-0, 6-1).
Многу повеќе борба и неизвесност донесе машкото финале во двојки во кое македонските тенисери Јанев и Незири ги совладаа првите носители Албин Колет (Франција) и Диего Вагнер (САД) со пресврт со 2-1 во сетови (4-6, 6-4 10-6).
Денеска се играат финалните дуели во поединечна конкуренција во кои Матја Путиќ (Србија) и Вагнер (САД) ќе играат за трофејот во машка, а Арина Фомина (Русија) и Сара Козма (Романија) во женска конкуренција.
Ова е вториот од петте турнири што се играат во Скопје во младинска конкуренција, а веќе стартуваа и квалификациите на следниот турнир Југ Опен 2026

Македонски


