
Туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а резултатите од спроведените политики веќе се видливи. Со конкретни мерки се подобрува туристичката инфраструктура, се унапредува авионската, патната и железничката поврзаност, се создаваат подобри услови за нови инвестиции и се обезбедува силна поддршка за развој на руралниот туризам. Резултатите го потврдуваат позитивниот тренд.
Според најновите показатели Македонија бележи значителен раст на авиосообраќајот и туризмот во регионот. Извештајот на Светска Банка потврдува дека, на годишно ниво бројот на патници во пристигнување е зголемен за 40%.
Позитивниот тренд го потврдуваат и официјалните статистички податоци, така што во првите пет месеци од годината, бројот на странски туристи е зголемен за 23,6 проценти, додека бројот на реализирани ноќевања е повисок за 18,7 проценти во споредба со истиот период минатата година.
Ова се конкретни резултати кои покажуваат дека Македонија станува се попривлечна туристичка дестинација, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Особено значајно е што туристичката понуда се развива во текот на целата година. Покрај летниот туризам, сè поголем потенцијал имаат културниот, историскиот, гастрономскиот и руралниот туризам.
Поголемиот број туристи значи повеќе работа и приходи за угостителите, туристичките водичи, занаетчиите, малите и семејните бизниси, но и поголеми можности за развој на локалните заедници.
Владата паралелно создава услови за нови инвестиции во туристичките капацитети, со поедноставување на процедурите и подобрување на деловната клима. Целта е во Македонија да има повеќе сместувачки капацитети, поквалитетна понуда и повисоки стандарди во туристичкиот сектор.
Посебен фокус е ставен и на руралниот туризам. Преку Програмата за рурален развој се обезбедува финансиска поддршка за инвестиции во руралните средини, со што се отвора простор за развој на семејните бизниси, создавање нови туристички содржини и отворање нови работни места.
Туризмот е двигател на локалниот економски развој, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни политики, инвестиции и мерки кои носат резултати.
Со јасна визија и континуирана поддршка, продолжуваме да ја градиме Македонија како модерна, конкурентна и атрактивна туристичка дестинација, со повеќе туристи, повеќе инвестиции, нови работни места и посилен економски развој – наведуваат од владеачката ВМРО-ДПМНЕ.

Македонски


