
Премиерот Христијан Мицкоски ги квалификува како прилично охрабрувачки најновите податоци што ги објави Државниот завод за статистика во однос на туризамот.
Како што изјави премиерот, амбицијата на Владата на почеток на година била земјава да има милион туристи и три милиони ноќевања, но заклучно со септември бележи повеќе од 1.100.000 туристи и скоро три милиони ноќевања, а тоа значи дека ќе биде надмината предвидената цел.
Податоците се прилично храбрувачки. Ние веќе, заклучно со септември, сме на повеќе од 1.100.000 туристи и скоро 3 милиони ноќевања, што значи дека ќе идеме над тоа што сме го предвиделе како како цел. Во третиот квартал, споредено со третиот квартал минатата година, имаме 35.000 туристи повеќе и 110.000 ноќевања повеќе, што е добро, тоа е повеќе од шест отсто раст и по една и по друга основа. И повторно, ова е лоша вест за опозицијата. Тие би сакале да назадуваме, но, за нивна жал, а за добро на граѓаните, одиме напред, изјави Мицкоски по увидот во градежните активности на проектот „Подобрување на системот за водоснабдување во руралната населба Каменик, Општина Кисела Вода“.

Македонски



