Skip to main content

Алмада стана најскап фудбалер во историјата на аргентинската лига – од Атлетико премина во Ривер Плата

Instagram / thiago_almada23

Аргентинскиот репрезентативец од средниот ред, Тијаго Алмада (25), стана најскапиот играч во историјата на аргентинската фудбалската лига откако ѝ се приклучи на Ривер Плата од Атлетико Мадрид во трансфер вреден 20 милиони евра.

Трансферот на Алмада, кој беше дел од аргентинската репрезентација на двете последни светски првенства, го собори ланскиот рекорден трансфер во кој Колумбиецот Кевин Кастано се пресели од руски Краснодар во Ривер Плата за 16 милиони евра.

Алмада потпиша договор со Ривер Плата до 2029 година.

Ова е враќање на Алмада во татковината по четири години, а во меѓувреме настапуваше за четири различни клубови на три континенти. Аргентинскиот репрезентативец настапуваше за Атланта во американската МЛС лига, од каде се пресели во бразилски Ботафого, пред да пристигне во Европа во јануари минатата година. Тој ја помина пролетта 2025 година во Лион, а сезоната 2025/26 во Атлетико Мадрид. 

Поврзани вести