Skip to main content

Британската морнарица се вознемири поради зголемена руска активност во британските води

david-clode-on-unsplash

Британската кралска морнарица предупреди за зголемена руска активност околу британските територијални води откако помина 21 ден во јули следејќи ги руските бродови, објавија британската „ПА Медиа“ и ДПА.

Операциите за набљудување на руската активност се зголемиле за 25 проценти во јули споредено со изминатата година, при што воените бродови направија повеќекратни преминувања преку Ламанш и Северното Море.

Крајбрежните патролни бродови „ХМС Тајн“, „ХМС Meрси“ и „ХМС Северн“ патролираа во текот на јули за да ги следат руските фрегати „Неустрашими“ и „Адмирал Григоровиќ“, кои имаат задача да ги придружуваат танкерите од таканаречената руска флота во сенка.

Поврзани вести