Skip to main content

Маѓар соопшти дека Андраш Бака ја прифатил номинацијата за претседател на Унгарија

Facebook / Péter Magyar

Унгарскиот премиер Петер Маѓар соопшти дека поранешниот претседател на Врховниот суд, Андраш Бака ја прифатил номинацијата за претседател на Унгарија на владејачката партија Тиса.

Маѓар на Фејсбук објави дека Бака ја прифатил номинацијата од желба да ѝ служи на нацијата и да работи за единството на унгарскиот народ и создавањето демократска, европска Унгарија.

Унгарскиот премиер објави фотографија направена за време на средбата со Бака, кога лично му пренел дека пратеничката група на владејачката партија Тиса на состанок гласала за номинирање на поранешниот претседател на Врховниот суд за претседател на Унгарија.

Се очекува, Парламентот задутре на седница да го избере Бака на оваа функција. 

Поврзани вести