
Арсенал е подготвен да се приклучи во трката за напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, објави „The Times“.
Лондонскиот клуб ја чека разврската на преговорите на аргентинскиот репрезентативец со Барселона пред да испрати понуда до Атлетико. Дваесет и шестгодишниот Аргентинец има тековен договор со Атлетико Мадрид до 2030 година. „Transfermarkt“ ја проценува неговата вредност на 100 милиони евра.
Во сезоната 2025/26, Алварез одигра 49 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 20 гола и девет асистенции. На Светското првенство 2026 година, тој постигна еден гол на осум натпревари.
Извор: МИА

Македонски


