Skip to main content

Зошто Италијанците имаат фобија од бројот 17

 Додека поголемиот дел од западниот свет стравува од петок 13-ти, за Италијанците „црн“ ден е петок 17-ти, датум што се поврзува со антички Рим. Со изведување на ритуали тие се штитат од „зли“ сили.

Главната причина за страв е во играта на зборови со римскиот број „XVII“, кои на латински значат „живеев“. Иако на прв поглед звучи безопасно, оваа фраза често била пишувана врз надгробните споменици и значи: „Мојот живот е завршен“. Токму затоа бројот е симбол на несреќа и лош предзнак.

Меѓу другото, суеверието е поврзано и со Велики петок, што се смета ден на тага, жртва и лоши предзнаци. Комбинацијата создава датум од кој многу суеверни Италијанци се плашат, а тоа влијае и врз современото италијанско општество каде и ден денес се избегнуваат работи со бројот 17.

За да се заштитат од потенцијалната несреќа што ја носи овој ден Италијанците, користејќи различни амајлии „портафортуна“, изведуваат низа ритуали наречени „скараманција

Поврзани вести