
Фудбалерите на Шкендија Тетово го завршија настапот во европските купови откако синоќа во Скопје во реваншот одиграа 0:0 со шкотскиот Хибернијан, па така гостите ја сочуваа предноста од 2:1 од првиот дуел. Македонскиот претставник имаше шанси, но мрежата на ривалот не се затресе.
– Во моментов сме разочарани, сакавме да играме во плеј-офот на Конференциската лига. Никогаш не е убаво да се заврши европскиот настап, но сега ќе се концентрираме на домашниот шампионат. Но, сега ќе се насочиме на борбата за титулата. Во првото полувреме имавме интензитет, но не бевме конкретни. Во вториот дел бевме многу подобри и мислам дека во двата натпревари заслуживме повеќе. На дуелот во Шкотска примивме гол во последната минута, изјави тренерот на Шкендија, Артим Положани.

Македонски


