Skip to main content

Ѓоковиќ избори ново полуфинале на Вимблдон, за него вкупно 14-то

Facebook / Wimbledon
Facebook / Wimbledon

Седумкратниот победник на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, успеа да се пласира во ново, вкупно за него 14-то полуфинале на Вимблдон. Тој во четврт-финалето го победи Италијанецот Флавио Коболи со 3:1 во сетови (6:7(6); 6:2, 7:5 и 6:4). Следен противник ќе му биде уште еден тенисер од Италија, најдобриот светски играч Јаник Синер.

Ѓоковиќ до триумфот стигна со пресврт откако неговиот ривал го доби првиот сет, во тај брејкот беше 8:6 на поени и поведе со 1:0 во сетови. Во вториот сет Ѓоковиќ заигра многу подобро и стигна до изедначување од 1:1 во сетови.

Во третиот сет по 5:5 српскиот тенисер успеа да одземе гем на сервис на ривалот, а потоа да стигне и до 7:5 во гемови. Во четвртиот сет Ѓоковиќ повторно во завршницата успева да направи брејк, овојпат во деветтиот гем и да поведе со 5:4 во гемови и потоа на свој сервис ја искористи третата меч топка. 

Полуфиналето против Синер, кој со 3:0 во сетови го совлада Бен Шелтон се игра в петок. 

Поврзани вести