Skip to main content

Алкараз: Ја напуштам Барселона горд што дадов се од себе

facebook-carlos-alcaraz
facebook-carlos-alcaraz

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз призна дека бил изненаден од присебноста на Холгер Руне во финалето на турнирот во Барселона.

Алкараз загуби од Данецот во решавачкиот меч со резултат 6:7 (6:8), 2:6.

Никогаш не е лесно да се изгуби, особено овде во финалето. Но, мораме да му оддадеме признание на Холгер, тој одигра исклучителен натпревар. Не сум изненаден од неговото ниво, но ме чуди неговата смиреност. Од почеток до крај, тој јасно сфати што треба да направи и го спроведе самоуверено. Пропуштив неколку шанси. Дадов се од себе и поради тоа гордо ја напуштам Барселона, изјави Алкараз за АТП.

Руне го освои својот прв АТП турнир од април 2023 година. Севкупно, тој има пет титули во поединечна конкуренција.

Алкараз е победник на 18 АТП турнири. 

Поврзани вести