Skip to main content

Со победа на Калин Ивановски Македонија поведе против Грузија во Дејвис купот

Тениска федерација

Македонската тениска репрезентација поведе против Грузија со 1-0 во натпреварот од 3. коло од Третата Европска група од Дејвис купот, откако Калин Ивановски за 85 минути игра го совлада Александре Бакши со 2-0 во сетови (7:6(2); 6:2).

Ова е дуел за второто место во групата Б и за победа на македонската репрезентација е потребен уште еден триумф.

Мечот на Ивановски беше прекинат по првиот сет поради дожд. Првиот брејк го направи тенисерот на Грузија и поведе со 4:3 во гемови, но Ивановски со два гема еден брејк дојде до предност од 5:4. По 6:6 се играше тај брејк, каде Ивановски покажа доминација и дојде до предност од 5:1 на поени и потоа го „13-тиот гем“ со 7:2 на поени.

По паузата поради лошото време стартуваше вториот сет и по 2:1 за Бакши, македонскиот тенисер освои пет гема во низа и го доби сетот со 6:2 што значеше водство од 1-0 за Македонија.

Во вториот сингл меч играат Олег Приходко за Македонија и Саба Пурцеладзе за Грузија, а потоа е и мечот во двојки.

Поврзани вести