
Легендата на Лос Анџелес Лејкерс Леброн Џејмс на ноќешниот дуел на неговиот тим Лос Анџелес Лејкерс против Далас го оствари 123.тиот „трипл-дабл“ во кариерата. Тој натпреварот го заврши со 28 поени, 10 скокови и 12 асистенции. Леброн повеќе од една година немаше „трипл дабл“, последниот му беше на 1.февруари 2025 година.
Џејмс учинокот го постви со 41 година и 44 дена, со што го собори рекоердот на Карл Мелоун, кој исто како играч на ЛА Лејкерс со 40 години 127 дена оствари „трипл дабл“. ЛА Лејкерс натпреварот го доби без словенечкиот бек Лука Дончиќ.
„Лејкерси“ сега се на петтото место на Запад со скор 33 победи и 21 пораз.
На другите два дуел одиграни ноќеска Портланд како гостин ја совлада Јута со 135.119, додека Милвоки славеше победа на теренот Оклахома Сити (екипата со најдобар скор) со 110:93.

Македонски



