
Македонската фудбалска репрезентација утре ќе му гостува на Казахстан во својот четврти натпревар во квалификациите за Светското првенство 2026. „Црвено-жолтите“ на мечот во Астана ќе бидат предводени од Роберт Стојановски, бидејќи селекторот Благоја Милевски одработува суспензија од два жолти картона.
Натпреварот ќе се игра на терен со вештачка трева.
Без разлика дали ќе играме на природна или вештачка трева, нашите фудбалери се професионалци и подготвени на секакви услови. Казахстан има квалитетна репрезентација, но ние одиме на победа, истакна Стојановски.
Македонија пред утрешниот меч со Казахстан има пет бода од три натпревара и е без пораз во Ј-групата.
Казахстан има една победа и еден пораз по два одиграни натпревара.
Почетокот на натпреварот е во 16 часот по македонско време.