Skip to main content

Остри казни за Челзи и Вест Хем по масовната тепачка 

Фото: Фејсбук

 Англиската фудбалска федерација (ФА) им изрече денеска високи казни на лондонските премиерлигаши Челзи и Вест Хем Јунајтед поради масовната тепачка меѓу фудбалерите на крајот од натпреварот одигран на Стемфорд Бриџ на 31 јануари, во кој домашниот тим победи со 3-2.

Челзи ќе мора да плати 325.000 фунти, додека Вест Хем Јунајтед 300.000 фунти поради конфликтот во кој учествуваа околу 20 играчи.

Сè започна кога крилниот напаѓач на Вест Хем, Адам Траоре, го собори на земја домашниот дефанзивец Марк Кукуреља, а потоа влезе во конфликт со Жоао Педро, додека другите играчи се вмешаа за да ја прекинат тепачката.
Откако ситуацијата се смири и видеото од настанот беше прегледано, главниот судија Ентони Тејлор го исклучи гостинскиот играч Жан-Клер Тодибо, бидејќи го држеше Педро за вратот со двете раце.
ФА во соопштението наведе дека двата клуба се изјасниле за виновни по горенаведените обвиненија.

Поврзани вести