
Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси (38) стана сопственик на шпанскиот петтолигаш УЕ Корнеља, објави клубот од предградието на Барселона.
Со овој потег, легендата на Барселона и на аргентинската репрезентација стана само уште еден во низата фудбалери кои одлучија дел од својата заработка да ја инвестираат во клубови од пониските лиги.
Ѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, пред две години вложи неколку милиони евра во француски Кан, Н’голо Канте е сопственик на белгискиот тим Ројал Екселсиор Виртон, додека Жерар Пике е на чело на шпанскиот второлигаш Андора.
Листата ја дополнуваат Џејми Варди кој е дел од сопственичката гарнитура во Рочестер Њујорк, како и Дејвид Бекам кој донесе голем број поранешни фудбалери на Барселона во Интер Мајами, вклучувајќи го и Меси.

Македонски


