
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас се запиша во листата на стрелците синоќа на натпреварот против Торино во Неапол во 28. коло од Серија А.
За Елмас ова е прв гол во дресот на Наполи во сезоната 2025/26.
Наполи поведе во првото полувреме со голот на Алисон Сантос, Елмас зголеми во вториот дел, а Торино пред крајот успеа да намали на 2:1 преку Касадел.
Наполи има собрано 56 бода и се наоѓа на 3. место во поредокот. Пред него се Милан со 57 и Интер со 67 бода. Тимовите од Милано имаат и натпревар помалку.

Македонски

